Разузнавачите пренесоа дека жената од јеменско потекло, позната како „Амал“ е една од најмалку три жени на бин Ладен. Не е јасно каде се другите жени и роднини на бин Ладен.
Во меѓувреме, Ал-Каида ја потврди смртта на Осама бин Ладен. Соопштението денеска се појави на џихадистички интернет-форуми.
Денес, стотици демонстранти излегоа на улиците во југозападниот град Куета во знак на осуда на американската акција во која беше убиен првиот човек на ал-Каида.
Демонстрантите скандираа анти-американски слогани. Еден свештеник проповедаше дека смртта на бин Ладен ќе произвла илјадници други екстремисти како него.
Проширениот анти-американизам во Пакистан е подгреан со 10-годишната војна во Авганистан и напорите на ЦИА да ги искоренат милитантите кои живеат во пакистанските племенски појаси.