Линкови за пристапност

Прашањето за името – една од темите на средба во Белата куќа


По Белата куќа, Папандреу во Конгресот се сретнал со претседатевачот на Сенатската комисија за надворешни работи Џон Кери и за финансии, Макс Бакус

Двајцата лидери разговарале и за одлуката на Меѓународниот суд за правда за независноста на Косово и како да се направи исчекор напред меѓу двете страни. Американскиот потпретседател и грчкиот премиер дискутирале и за кипарското прашање и изразиле поддршка за процесот кој е под капата на ОН. Бајден ги поздравил напорите на Турција и Грција за зајакнување на меѓусебните односи. Прашањето за името било едно од темите.

Потпретседателот Бајден ја подвлекол потребата - лидерите на Скопје и Атина брзо да најдат взаемно прифатливо решение за името.

Од светските теми, биле дискутирани Блискиот исток и иранската нуклеарна програма.

По Белата куќа, Папандреу во Конгресот се сретнал со претседатевачот на Сенатската комисија за надворешни работи Џон Кери и за финансии, Макс Бакус.

XS
SM
MD
LG