Линкови за пристапност

Бернанки: на американската економија се` уште и треба помош


Бернанки: на американската економија се` уште и треба помош
Бернанки: на американската економија се` уште и треба помош

Планот има цел да ги намали долгорочните каматни стапки и да поттикне поголемо трошење за да заживее економијата

Претседавачот на Федералнире резерви Бен Бернанки оцени дека американската економија е далеку од тоа да биде самоодржлива и соопшти дека Резервите можеби ќе потрошат повеќе од планираните 600 милијарди долари за купување на обврзници, како како беше највено минатиот месец.

Во интервјуто за емисијата 60 минути на ЦБС, Бернанки рече дека владините пари се потребни за борбата против константно високата стапка на невработеност, која, доколку не биде доведена под контрола, може да предизвика уште едно економско забавување.

Планот има цел да ги намали долгорочните каматни стапки и да поттикне поголемо трошење за да заживее економијата.

Бернанки рече дека можеби ќе бидат потребни четири до пет години за да се врати во нормала стапката на невработеност што сега изнесува речиси 10%. Но, тој потсети дека таа ќе достигнеше 25% доколку федералната влада не помогнеше на Вол Стрит, банките и другите компании.

Бернанки кажа и дека најверојатно нема да дојде до повторна рецесија, како и дека е 100% сигурен дека, доколку е неопходно, американската централна банка ќе може да ја контролира инфлацијата.

XS
SM
MD
LG