Линкови за пристапност

Волерс: Кошаркарите играа за Македонија


Волерс: Кошаркарите играа за Македонија
Волерс: Кошаркарите играа за Македонија

Прием во амбасадата на САД во Скопје по повод успехот на македонските кошаркари

!--IMAGE-LEFT--> „Тимот ја инспирираше целата нација, особено со начинот на кој се издигнуваше на шампионатот. Македонците од овој тим, без разлика дали се од Струмица, Кочани, Кавадарци, Скопје или пак од Њу Орлеанс се обединија и одиграа за Македонија“.

Вака амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс ги поздрави македонските кошаркари на приемот во Амбасадата, по повод нивниот голем успех – 4 место на неодамна завршеното европско кошаркарско првенство во Литванија.

„Вработените во амбасадата како и цела Македонија во последниве неколку недели лудува по кошаркарската репрезентација. Сигурен сум дека вие го привлековте вниманието на голем број Европејци, особено на Хрватите, Грците, Грузијците, Финците, Словенците и Литванците“, рече амбасадорот Волерс кој и самиот додека им се обраќаше на своите гости околу вратот носеше навивачки шал на кој пишуваше Македонија.

Тој истакна дека неделава бил сведок на создавање на една легенда во еден спорт кој е американски, и кој ја направи нацијата горда.

„Бо Меккејлеб ги обедини македонскиот и американскиот народ на нов и посебен начин“, рече амбасадорот Волерс признавајќи дека Американците поради Бо имале дополнителен мотив за уживање во натпреварите на македонскиот национален тим.

„Македонија, Македонија“, ечеше холот во американската амбадата во Скопје додека вработените – Македонци, Албанци и Американци со знамиња и навивачки обележја возбудени чекаа на ред да се фотографираат со македонските кошаркари. А кошаркарите видно исцрпени, љубезно се сликаа и разговараа со сите кои сакаа да ги овековечат кусите моменти со јунаците кои на Евробаскетот засенија и најголеми европски ѕвезди.

XS
SM
MD
LG