Линкови за пристапност

Конектикат хаскис - шампион во универзитетска кошарка во САД


Финале на универзитска кошарка: Конектикат подобар од Кентаки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Финале на универзитска кошарка: Конектикат подобар од Кентаки

Во синоќешното финале, екипата поуспешна од Кентаки вајлдкетс

Во драматичен финиш во финалето во Далас, сојузната држава Тексас, по едномесечен турнир на универзитетска кошарка, познат како „Мартовска треска“, екипата на Конектикат хаскис беше подобра од Кентаки вајлдкетс со 60:54.

Конектикат водеше од самиот почеток на натпреварот и во еден момент имаа и 15 поени предност. Но, Кентаки, настапувајќи со пет бруцоши во почетната петторка, успеа да го намали резултат на полувремето на четири поени разлика - 35:31. Па сепак, младите играчи на Кентаки во одлучувачките моменти на самиот крај на натпреварот промашија неколку слободни фрлања и го загубија мечот.

Ова е четврта шампионската титула за Конектикат од 1999-та, по едногодишна суспензија за учество на турнирот поради нискиот процент на дипломирани студенти.

Досега непоразената кошаркарска екипа на Конектикат во женска конкуренција може да му донесе двојна шампионска круна на универзитетот годинава. Во вечерашното финале, ќе ги одмери силите со Нотр Дам од Нешвил, Тенеси.
XS
SM
MD
LG