Линкови за пристапност

2010 – лоша година за американските банки


2010 – лоша година за американските банки
2010 – лоша година за американските банки

Во 2009-та, вратите ги затвориле 140 банки

Во 2010-та пропаднале повеќе американски банки од која и да е година по 1992-ра, кога заврши кризата со заштеди и заеми.

Банкарските регулатори јавија дека 157 банки со средства од повеќе од 92 милијарди долари минатата година престанале да работат. Во 2009-та, вратите ги затвориле 140 банки.

До 2006-та, банките во САД функционираа нормално. Дури и во тешки економски времиња изминатата деценија, банките ги охрабруваа бизнисите и индивидуалците да земаат заеми. Но, откако започна најновата економска криза, милиони Американци беа отпуштени, а многу бизниси пропаднаа. Како резултат на тоа, тие честопати не беа во можност да ги вратат заемите, и, како резултат на тоа, голем број банки пропаднаа.

Најлоша година за американските банки беше 2008-ма. Аналитичарите наведуваат дека помалите продолжија да пропаѓаат и во 2010-та, затоа што локалните заедници кои тие ги опслужувале значително беа погодени од рецесијата.

XS
SM
MD
LG