Линкови за пристапност

Бизнис самит САД - Балкан во Балтимор


Бизнис самит САД - Балкан во Балтимор
Бизнис самит САД - Балкан во Балтимор

Главни индустриски области кои ќе добијат приоритет на дискусиите ќе бидат енергетиката, транспортот, производството, туризмот и информатичката технологија

Во Балтимор се одржува економски самит на кој присуствуваат шефови на држави и влади, вицепремиери и министри од Балканот. Целта е да се промовира билатералната трговска соработка и да се разгледаат можностите за инвестирање - меѓу американската и владите и бизнисмените од Западниот Балкан, но и да се разменат размислувања за зајакнување на економските односи. На дводневниот самит се гледа како на можност за средби очи-в-очи со креирачите на политика во САД, како и да се подобри информираноста за економски и политички прашања врзани за регионот.

Како да се зголеми трговската размена и странските инвестиции меѓу САД и Западниот Балкан? Како можат компаниите од Балканот полесно да се претстават и наметнат на американскиот пазар?

Овој бизнис самит е организиран, првично ЗА лидерите на владите од Балканот. Истакнати гости и излагачи ќе ја водат дискусијата во правец на идните прашања во унапредување на трговските капацитети. Ова ќе биде добра можност да им се презентираат индустриските проекти на американски бизниси и компании. Лична покана до највисоките претставници на балканскиот земји испрати гувернерот на Мериленд, Мартин О` Мајли, потенцирајки ја важноста од овој самит.

„Раздвижен економски пазар од преку 40 милиони конзументи пред вратата на ЕУ, со што Западниот Балкан станува најбрзо растечка бизнис дестинација во Европа“, вака размислуваат американски стопанственици.

Дополнителна причина за инвенстирање за нив е проширувањето на билатералните договори за слободна трговија меѓу соседите, обучената работна сила, силна работна етика, подобрената инвестициона клима и заложба од владите во регионот за фискална дисциплина.

Севкупната цел на американско-балканскиот бизнис самит е да се даде дополнителен поттик за соработка на земјите во регионот, да се зајакнат економските и трговски врски на САД со регионот, како и да се приближи Балканот со стандардите за водење бизнис во ЕУ, истакнаа соговорниците.

Самитот важи за клучно збиралиште на виши претставници на владите во регионот со дипломатите и економистите од САД.

На вториот ден од состаноците, главна тема ќе бидат теми од кибернетската безбедност на Балканот, информатичката технолгија, енергетската стратегија и инфраструктурните потреби на Западниот Балкан.

Македонската делегација ја предводи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Него во Балтимор го придружуваат директорот на агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо и неколку познати македонски стопанственци.

По време на војни и нереди кои го одбележаа крајот на минатиот век, средбата има цел да обновување на стратегија за враќање на индустријата на Западниот Балкан и создавање силно и трансатласнко партнерство , базиран врз взаемен економски растеж.

Иако поканети од гувернерот О`Мајли, српскиот претседател Борис Тадиќ и премиер Мирко Цветковиќ го откажаа учеството. Како куриозет на самитот во Балтимор е што Србија е единствена земја од Балканот, каде нема да биде претставена на вишо владино и државно ниво, со облазложение дека присуството на косовскиот премиер Хашим Тачи значи признавање на легитимитетот на независно Косово, меѓународен акт, кој официјален Белград не го признава. Заменик помошник државниот секретар на САД Томас Кантримен изрази жалење за потегот на српските власти и рече дека Белград испраќа лоша порака со бојкотирање на конференција која има цел унапредување на севкупната економска клима на Балканот.

XS
SM
MD
LG