Линкови за пристапност

Вонредна состојба во Балтимор


Трупи на Националната гарда распоредени во градот по насилните протести кои уследија по закопот на Фреди Греј

Националната гарда распоредена во Балтимор, во сојузната држава Мериленд, во време кога властите се обидуваат да го вратат редот и мирот на ден по насилните протести кои избувнаа по погребот на Фреди Греј, 25-годишен Афроамериканец кој почина од повреди додека бил под полициски надзор.

Гувернерот на Мериленд Лари Хоган објави вонредна состојба во Балтимор, а јавните училишта денеска се затворени. Градоначалничката Стефани Ролингс-Блејк ги окарактеризира протестите како „едни од најмрачните денови со кои градот до сега се соочил“ и објави вечерен полициски час за нареднава недела.

Пожарникарите продолжија со напорите за гасење на пожарите во Балтимор до раните утрински часови, вклучувајќи го и опожарениот црковен Центар за стари лица, а се` уште бил во изградба.

Насилството започна откако стотици средношколци маршираа кон локален трговски центар по завршувањето на наставата. Собири се случиле и во други населби, што ја надминала бројноста на полицајците кои требало да ги држат под контрола протестите, кои прраснале во насилство.

Демонстантите запалиле неколку продавници и возила и фрлале камења, цигли, шишиња и други предмети врз полицајците. Полицискиот комесар Ентони Бетс рече дека 15 полицајци биле повредени во судирите, вклучувајќи шестмина хоспитализирани. Најмалку 20-тина лица биле уапсени.

„Го разбирам гневот. Не ова што го гледам не е гнев, туку уништување на заедницата“, изјави градоначалничката Ролингс–Блејк, нарекувајќи ги демонстрантите криминалци.

Семејството на Греј повика на смирување на страстите. „И јас сум сум повредена, но не сакам да бидете на улица“, рече мајката на Фреди Греј, Глорија Дарден. „Сакам целосна правда за мојот син, но не на овој начин. Немојте да го уништувате градот. Тоа е погрешно“, рече таа.

Одделот за правда и ФБИ спроведуваат истрага за случајот на Греј. Полицијата на Балтимор објави дека ќе има повеќе информации за јавноста до петок, 1-ви мај.

XS
SM
MD
LG