Линкови за пристапност

Дводневен економски самит САД – Балкан во Балтимор


Дводневен економски самит САД – Балкан во Балтимор
Дводневен економски самит САД – Балкан во Балтимор

Организатори владата на сојузната држава Мериленд и Деловната алијанса САД-Балкан

Утре и задутре во Балтимор, сојузната американска држава Мериленд, ќе се одржи конференција за унапредување на економските и деловни врски меѓу Балканот и САД, а на која учествуваат виши владини претставници од сите земји во регионот.

Организаторите - владата на сојузната држава Мериленд и Деловната алијанса САД-Балкан во поканата наведуваат дека целта е да се промовираат билатерални трговски и деловни можности меѓу владата на САД и владите на балканските земји и да се разменат информации и гледишта што се релевантни за јакнење на економските односи.

Со владините делегации се очекува да допатуваат и бизнисмени од Балканот.

Главни индустриски области што ќе добијат приоритет на дискусиите ќе бидат енергетиката, транспортот, производството, туризмот и информатичката технологија.

Македонската делегација на конференцијата ја предводи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Во Балтимор ќе го придружуваат министерот за економија Фатмир Бесими, директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо и неколку македонски стопанственци.

Високи претставници од НАТО и од ЕУ на вториот ден од конференцијата ќе елаборираат за три клучни столба за долготраен мир на Балканот: поблиска регионална соработка, активна ангажираност на НАТО и создавање на центар за економска соработка и можности на ЕУ.

XS
SM
MD
LG