Линкови за пристапност

Балканот ги зајакнува бизнис-врските со САД


Балканот ги зајакнува бизнис-врските со САД
Балканот ги зајакнува бизнис-врските со САД

Во Македонија се регистрира фирма за еден ден, кажа Томас Кантримен од Стејт департментот на самитот во Балтимор

Контактите воспоставени на овој собир ќе бидат клучни за соработката, нагласија политичарите и бизнисмените на дводневниот Бизнис-самит САД-Балкан во Балтимор, што започна вчера. Ова прв собир од ваков вид меѓу САД и Балканот.

На владите на Балканот е да ги спроведат неопходните реформи за унапредување на деловната клима, рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Томас Кантримен

„Во Македонија е возможно е да се регистира нова фирма за помалку од еден ден“, потенцираше претставникот на Стејт департментот, говорејќи за предностите да се инвестира во Македонија.

Бизнисмените од Балканот им порачаа на американските компании дека се добредојдени да инвестираат и се заложија за олеснување на бирократските бариери за побрз влез во регионот.

Создавањето на клима за инвестирање ќе го забрза и процесот на интеграција на регионот во ЕУ и НАТО, нагласија политичките претставници од Балканот.

„Ваков самит требаше да се одржи многу порано, затоа што САД се слабо застапени во регионот. Целта е да поттикнеме дијалогот што ќе овозможи трговија и инвестиции меѓу САД и регионот“, кажа Чарлс Дилон, претседател на Бизнис-алијансата САД – Балкан.

„Имаме и членови во Владата и администрацијата со солидно искуство од Западот. Во Македонија е лесно да дојдете и до највисоките претставници на владата за било каков проблем да ви биде решен“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој ја предводи македонската делегација.

XS
SM
MD
LG