13 лица починаа ширум САД од бактериолошкото заболување листериоза, поради тоа што јаделе заразени дињи. Досега има вкупно 72 заболени.
Американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) јави дека избивањето на болеста е најлошо од тој вид последниве 10-тина години во САД. Заразата за првпат се јавила на 31-ви јуни, а досега се регистрирани заболени во 18 сојузни држави. Смртните случаи се во Колорадо, Ново Мексико, Тексас, Канзас, Оклахома, Небраска, Мисури и Мериленд.
Заразените дињи се од фармата Џенсен во Колорадо, која порано месецов објави нивно повлекување од пазарот.
Иако избивањата на листериоза се ретки, нејзиниот патоген е посмртоносен од другите почести и попознати, како салмонела и Ешерихија коли.