Линкови за пристапност

Форд оствари рекорден профит меѓу автопроизводителите во САД


Форд оствари рекорден профит меѓу автопроизводителите во САД

Потрошувачите сепак најмногу им веруваат на јапонските модели на Тојота и Хонда

Четвртиот најголем производител на автомобили во светот Форд заработил 1,7 милијарди долари во периодот јули-септември.

Ова е шести последователен квартал во кој вториот автогигант во САД објавува дека работи со профит. Бројките покажуваат 68-процентно зголемување, споредено со истиот тримесечен период пред една година.

Компанијата Форд беше единствената од трите американски авто-производители која одбегна банкротирање за време на рецесијата и беше единствена која не прими милијарди долари владина помош.

И во Европа, иста слика. На најголемиот германски авто-гигант Фолксваген му се зголемил профитот во последниот квартал поради зголемената побарувачка на девет модели.

Фолксваген објави профит од 3 милијарди долари во јули и во август, што претставува зголемување од 10 проценти за истиот период пред една година.

Извршниот директор на компанијата Мартин Винтеркорн рече дека нивна цел е да се надмине Тојота како најголем производител во светот до 2018-та. Германскиот гигант се надева да продава по 10 милиони возила годишно до зацртаниот датум. Фолксваген објави голема продажба на своите модели во Кина, која во моментов е најголем пазар.

Во меѓувреме, американскиот магазин за потрошувачите Consumer Reports објави дека неговите читатели сметаат оти двата јапонски автопроизводители, Тојота и Хонда, се најбезбедни.

Consumer Reports направи истражување за искуството на читателите со нивните 1,3 милион возила. Магазинот пренесе дека читателите највисоки оценки им дале на моделите на Тојота и Хонда и оти јапонските автогиганти се` уште доминираат во годишните истражувања.

Магазинот објави дека на сите азиски автопроизводите добро им оди бизнисот, додека Форд е опишан како „автомобил на кој може да му се верува“.

Џенерал Моторс, според потрошувачите, има значително подобрување во производството на возила на кои може да им се верува, иако се уште е далеку од врвот на листата на автопроизводители.

XS
SM
MD
LG