Линкови за пристапност

Заврши заложничката ситуација во Сиднеј


Заложничка криза во Австралија / најново
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Полицијата соопшти дека загинале тројца, меѓу нив и лицето коешто држеше заложници во кафуле во центарот на градот

Заложничката криза во Сиднеј заврши откако до заби вооружената австралиска полиција го нападна кафулето каде едно лице цели 16 часа држеше најмалку десетина други. Полицијата соопшти дека загинале три лица, меѓу нив и лицето коешто зело заложници. На четворица од заложниците и еден полицец им била укажана лекарска помош, но повредите не биле опасни по живот.

Полицијата го идентификуваше осомничениот за инцидентот како 50-годишниот Ман Харон Монис, ирански имигрант. Властите престпоставуваат дека тој околу 9:45 часот наутро по локално време влегол во кафулето Чоколадо Линд во деловната област на централниот дел на Сиднеј, по што зел заложници.

Кризата траеше до доцна во ноќта, се` додека полицијата не реши да отвори оган и да упадне во кафулето. Претходно во текот на денот, пет лица успеаја да избегаат од кафулето, а потоа уште петмина, непосредно пред нападот. На други тројца им успеа истото со помош на специјалците. Камерите на местото на настанот забележаа како полицијата даваше прва помош на едно лице.

Австралискиот премиер Тони Абот кажа дека инцидентот можеби бил политички мотивиран.

Според полициски портпарол, Харон стапил во контакт со полициските преговарачи откако зел заложници, но тие не успеале да дознаат за неговиот мотив.

Харон претходно годинава го привлекол вниманието на австралиската јавност со писма до семејствата на војниците коишто загинале во Авганистан. Во нив тој ги критикувал војниците. Медиумските извештаи го споменуваат и во врска со убиството на неговата поранешна сопруга во 2013-та, како и со сексуален напад врз една жена годинава.

Додека траеше кризата, заложниците беа свртени кон излогот, со рацете на стаклото. На излогот беше видливо и црно знаме со исламско мото, познато како шахада: „Не постои друг Бог освен Алах, а Мухамед е негов гласник“. Радикалните исламисти, меѓу нив и Исламската држава, избраа на нивните знамиња да стои токму оваа порака.

Зградите во близина на кафулето, меѓу нив и Конзулатот на САД, беа евакуирани. Познатиот објект на Операта во Сиднеј, на само неколку блока од кафулето, исто така беше евакуиран, откако властите соопштија дека таму бил пронајден сомнителен предмет.

Нешто порано годинава, Австралија го зголеми нивото на опасност од терористички напад од средно на високо, главно поради загриженост од домашни екстремисти.

Се претпоставува дека 70-тина Австралијци се борат во редовите на милитантните организации на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG