Линкови за пристапност

Австралија нема да ги повлече војниците од Авганистан


Австралија има речиси 1.600 војници во Авганистан, а повеќето од нив се вклучени во обука на авганистанските сили во покраината Урузган

Новата австралиска премиерка Џулија Гилард изјави дека нема да ги повлече војниците од Авганистан.

Гилард вели дека во првиот телефонскиот разговор со американскиот претседател Барак Обама откако стапила на функцијата ја повторила посветеноста на нејзината влада кон мисијата во Авганистан.

Австралија има речиси 1.600 војници во Авганистан, а повеќето од нив се вклучени во обука на авганистанските сили во покраината Урузган. Австралија загуби 16 свои војници од приклучувањето на меѓународната мисија на чело со САД во 2001-ва.

Претходно неделава, австралискиот министер за одбрана најави дека владата би можела да започне да ги повлекува војниците од Авганистан во следните две години, овозможувајќи им овозможи на Авганистанците да преземат контрола врз безбедноста.

Гилард стана прва жена-премиер на Австралија, заменувајќи го Кевин Руд, кој изминативе месеци ја загуби поддршката во јавноста.

XS
SM
MD
LG