Спејс-шатлот Атлантис средата слета во Вселенскиот центар Кенеди во сојузната држава Флорида. Екипажот на леталото за време на 12-дневната мисија достави делови за Меѓународната вселенска станица и инсталираше нови батерии и антена на неа.
Ова беше последната мисија на леталото што НАСА го користеше во изминатите 25 години. Атлантис на 32 пати патуваше во вселената и мина 185 милиони километри.
До повлекувањето на целата спејс-шатл флота подоцна годинава остануваат уште два планирани лета.