Линкови за пристапност

Аспиринот го намалува ризикот од рак, сугерира истражување


Аспиринот го намалува ризикот од рак, сугерира истражување
Аспиринот го намалува ризикот од рак, сугерира истражување

60% помалку заболени меѓу лица кои дневно земале аспирин во период од две години

Денес објавени резултати на истражување спроведено во Британија наведуваат дека долготрајното земање на дневна доза на аспирин може да го намали ризикот од рак на дебелото црево кај оние со генетски предиспозиции за болеста.

Во истражувањето на Универзитетот Њукасл учествувале 861 пациент со Линч-синдром, состојба што го зголемува ризикот од рак на дебелото црево и други видови.

Во период од две години, една група пациенти земала по две дози од 600 милиграми аспирин дневно, додека другата примала плацебо. Пет години подоцна, бројот на заболени од рак во првата група се намалил за 60%.

Водечкиот автор на истражувањето Џон Брн изјави дека истражувањето дава „јасен доказ“ дека аспиринот спречил рак кај луѓето со големи генетски предиспозиции, но дека се потребни натамошни истражувања за да се одреди вистинската доза и должината на терапијата.

XS
SM
MD
LG