Линкови за пристапност

АРМ во Охрид прослави 19 години од формирањето


АРМ во Охрид прослави 19 години од формирањето
АРМ во Охрид прослави 19 години од формирањето

„Еден од столбовите на сигурноста и просперитетот на нашата земја“, рече претседателот Ѓорге Иванов

Република Македонија со централна свеченост во Центарот за обука на вода пред 170 гости во Охрид го одбележа 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија (АРМ).

19-от роденден на АРМ со говори го одбележаа претседателот и нејзин врховен командант Ѓорѓе Иванов, мнистерот за одбрана Фатмир Бесими и досегашниот и новопоставениот началник на Генералштабот на АРМ, генералите Мирослав Стојановски и Горанчо Котески.

Претседателот Иванов, посебно ги издвои задачите и продонесот на АРМ, како еден од столбовите на сегашноста и иднината на земјата.

„АРМ ужива голема доверба, што за неа е големо признание, но и уште поголем предизвик да ги освојува највисоките стандарди, како услов за наше евро-атланско интегрирање. Нашиот мировен контингент во Авганистан е еден од најдобрите, во што можев лично да се уверам со мојата посета. Нашата Армија е еден од столбовите на сигурноста и просперитетот на нашата земја. Се поклонувам со длабока почит и кон сите загинати нејзини припадници, кои ги поднесоа најголемите жртви. Нашата земја и нејзината иднина се изградени врз нивниот хероизам“, потенцираше Иванов.

Денеска, на централната свеченост по повод Денот на АРМ, во Охрид, за прв пат се изврши церемонија за примопредавање на должноста началник на Генералштабот на АРМ, која ја презема деветтиот по ред началник во историјата на Армијата, генерал-мајорот Горанчо Котески.

Тој има завршено воена академија во Белград и Сараево, насока копнена војска, како и командно-штабна академија и НАТО-колеџ за одбрана. Пет години беше воен аташе во Германија. Досега ја извршуваше функцијата командант на Здружената оперативна команда на АРМ, а претходно две години беше аѓутант на претседателот Иванов. Котески е најмлад македонски генерал по стаж.

На централната свеченост во чест на Денот на АРМ во Охрид на два пати беше извршен прелет со два борбени хеликоптери Ми-24 од составот на воздухопловниот ВИНГ.

XS
SM
MD
LG