Линкови за пристапност

Руските научници пробија до површината на прастаро езеро на Антарктикот


Руските научници пробија до површината на прастаро езеро на Антарктикот
Руските научници пробија до површината на прастаро езеро на Антарктикот

Може да ги прошири сознанијата за потеклото на животот на Земјата

Група руски научници кои го дупчат мразот на Антарктикот успеаја да пробијат до површината на огромно прастаро слатководно езеро во течна состојба, што било недопрено преку 15 милиони години.

Езерото Восток, именувано по руската истражувачка станица над него, е на речиси четири километри длабочина под покривката од мраз што се протега на речиси целата површина на Антарктикот. Површината на езерото, според проценките, е 10 илјади километри квадратни. Русија започна со дупчењето до мистериозната водна површина во 1990-те, а нејзиното постоење беше откриено во 1970-те.

Научници од повеќе области се живо заинтересирани за Езерото Восток и преку 300 други сокриени на Антарктикот, бидејќи може да содржат микроби што милиони години се изолирани од останатиот свет на Земјата. Нивното откривање би можело натамошно да ги прошири сознанијата за потеклото на животот на планетата, а евентуално и на другите подрачја покриени со мраз во Сончевиот систем, како половите на Марс, месечината Европа на Јупитер и месечината Титан на Сатурн.

Водачот на руската експедиција на Антарктикот Валери Лукин кажа дека дупчалката допрела до водата на езерото неделата. Како и што се очекувало, веднаш потоа езерската вода под притисок избликнала од дупката. Таа ќе формира еден вид на замрзната затка што ќе спречи контаминација на езерото.

САД и Британија исто така вршат слични дупчења на Антарктикот.

XS
SM
MD
LG