Линкови за пристапност

Евтина и ефикасна пилула против пушењето


Евтина и ефикасна пилула против пушењето
Евтина и ефикасна пилула против пушењето

Развиено во Бугарија уште за Студената војна, а многу поефикасно отколку што претходно се мислело, според ново истражување

Пилула што за првпат била развиена во Бугарија во времето на Студената војна навидум е ефтин и лесен начин милиони пушачи да се откажат од навиката. Ова го наведуваат стручни лица во истражувањето за лекот цитисин, објавено во денешното издание на Журналот за медицина Нова Англија.

Цитисинот се добива од семето на дрвенестото растение лабурнум, познато и како Златен дожд. Истражување во Полска, што опфатило стотици пушачи, покажало дека оние кои примале цитисин имале за трипати поголем успех во откажувањето од пушењето за разлика од оние кои примале плацебо.

Под различни имиња, цитисинот веќе со децении е на располагање во земјите ширум Источна Европа. Стручњаците наведуваат дека тој има многу повисока стапка на успешност отколку што порано се претпоставувало и дека чини многу помалку од попознатите замени за цигари, како гумите за џвакање и никотинските фластери. Па сепак, додаваат дека најверојатно нема во скоро време да се најде на пазарите во Западна Европа и САД поради владините регулативи.

Според лекарски податоци, 95% од пушачите кои пробале да се откажат без лекарства или стручна помош, во рок од неколку месеци се враќаат на навиката.

Пушењето годишно убива милиони луѓе во светот, и е причина број еден за смртност кај болестите што може да се спречат.

XS
SM
MD
LG