Линкови за пристапност

Завршена антарктичката опсерваторија на мраз


Завршена антарктичката опсерваторија на мраз
Завршена антарктичката опсерваторија на мраз

Штотуку завршената опсерваторија IceCube Neutrino има 5.160 оптички сензори и чини 279 милиони долари

Истражувачите се надеваат дека ќе пронајдат одговори на најголемото научно прашање на просторот од 1,4 километри на Јужниот пол.

Американската фондација за наука објави дека научниците ја комплетираа „ледената“ опсерваторијата за што се потрошени 279 милиони долари.

Научниците велат дека опсерваторијата е направена од 5.160 оптички сензори во величина на кошаркарска топка - сите дизајнирани да регистрираат сина светлина која индицира присуство на суб-атомски честички, наречени неутриноси.

Неутриноси се создаваат од сончевите зраци и при експлодирањето на ѕвезди насекаде во универзумот. Неутриносите се толку мали што минуваат меѓу атомите од други предмети без да влијаат врз нив, но научниците велат дека чистотата на замзнатата вода на Јужниот пол прави полесно да се следи нивната активност.

Научниците веруваат дека проектот ќе донесе повеќе информации за црните дупки, темната материја и природата на експлодирањето на ѕвездите.

На работниците им требаа десет години да ја комплетираат опсерваторијата во ворма на коцка под американската станица Amudsen-Scott на Јужниот пол. Финансирањето на „коцката“ дојде од САД, Белгија, Германија и Шведска.

XS
SM
MD
LG