Линкови за пристапност

Злоупотребени и во правен вакуум


Најнов извештај на Амнести интернешал за бегалците и мигрантите низ Балканот

Илјадници бегалци, баратели на азил и мигранти, вклучувајќи и деца коишто минуваат низ опасното патешетвие низ Балканот, се жртви на насилна злоупотреба и изнудување од властите и од криминалните банди. Истовремено миграцискиот и азилантски систем на ЕУ ги оставил на цедило и без заштита во Србија и Македонија, стои во најновиот извештај на Амнести интернешенал.

Србија и Македонија се тесното грло за бранот бегалци и мигранти коишто никој во ЕУ нема волја да ги прими, според извештајт на Амнести, базиран врз четири истражувања направени во Србија, Унгарија, Грција и Македонија, во периодот меѓу јули 2014-та и март 2015-та, при што биле интервјуирани повеќе од 100 бегалци и мигранти.

Амнести наведува дека пограничната полиција не ги пропушта несоодветно се однесува кон бегалците коишто ја минуваат македонската граница со Грција и српската граница со Македонија, а многумина дури се принудени да платат мито. Еден сведок за Амнести наведува дека српската полиција близу границата со Унгарија му се заканила дека ќе го врати во Србија доколку не плати мито од 100 евра. Бегалец од Авганистан, пак, тврди дека бил дел од група којашто македонската полиција ја вратила во Грција. „Видов тешко претепани лица. Го тепаа и мојот 13-годишен син. И мене“, вели бегалецот.

Бројката на мигранти и бегалци коишто ја минале границата меѓу Србија и Унгарија се зголемила за 2500% од 2010-та (од 2.370 на 60.602).

Нивниот пат преку море од Турција кон Грција, а потоа по копно од Македонија кон Србија за Унгарија е понеопасен од преминот со бродови од Северна Африка преку Медитеранот, се вели во извештајот. Па сепак, од јануари 2014-та, 123 бегалци и мигранти се удавиле во обидот да дојдат по морски пат до Грција, а 24-ца загинале на железничките пруги.

Оние коишто се обидуваат да добијат азил во Србија и Македонија наидуваат на големи пречки. Во 2014-та, на 10 баратели на азил во Македонија им бил даден статус на бегалци, а само на еден во Србија. Амнести додава дека обесхрабрени од бавниот процес, повеќето мигранти го продолжуваат патештвието кон Унгарија, но и таму се мета на понатамошно кршење на основните човекови права.

Растечкиот број на бегалци и мигранти е последица на поширок неуспех на миграциската азилантска политика на ЕУ, врз која Србија и Македонија немаат контрола, заклучува Амнести.

XS
SM
MD
LG