Линкови за пристапност

Милер: Македонија на добар пат за просперитетна иднина


Милер: Македонија на добар пат за просперитетна иднина
Милер: Македонија на добар пат за просперитетна иднина

Сепак, потребно време за видливи резултати, вели авторот на Индексот на економска слобода на Фондацијата Херитиџ во Вашингтон.

Хонг Конг и натаму, веќе 18 години по ред, е број еден во светот за странски инвестиции и предводник во сферата на економски слободи меѓу 184 рангирани економии. САД годинава паднаа за едно место подолу, но и натаму се на листата на десетте најдобри. Македонија е на 43-тото место, во категоријата на земји со претежно најголем дел економски слободи. Оствари скок од лани, кога беше 55-та.

Амбасадорот Тери Милер, директорот на центарот за меѓународна трговија и економија при Фондацијата Херитиџ синоќа брифираше за индексот на економски слободи што Фондацијата Херитиџ го подготвува во соработка со Вол Стрит џурнал.

Милер: Македонија на добар пат за просперитетна иднина
Милер: Македонија на добар пат за просперитетна иднина

Зошто да се инвестира во Македонија? За Гласот на Америка на македонски, Милер објаснува: „Македонија е една од најдобрите места во Европа и една од најбрзо растечките дестинации, што се забележува во индексот за економски слободи“.

Запрашан да го стави тоа мерило во контекст на фактот дека Македонија, сепак, има голема стапка на невработеност и и`недостигат странски инвестиции, Милер коментира:

„Потребно е време влијанието да даде видливи резултати. Економската слобода е нешто што остварува влијание со текот на времето. Македонија е на добар пат за просперитетна иднина“.

Ги набројува факторите – зошто еден американски инвеститор попрво би требало да вложи во Македонија, а не во другите балкански земји:

„Даночните стапки се подобри. Македонија има многу подобро досие во владеењето на правото. Веројатно се` уште има прашања што би требало да се решат во однос на корупцијата, но во однос на владината политика, отвореноста кон светската економија, Македонија е одлично место да се започне економска активност, за продажба или инвестиции ширум Европа“.

Според амбасадорот Милер, иако Балканот има историја на политичка нестабилност и конфликти, економските индикатори во регионот, сепак, охрабруваат.

XS
SM
MD
LG