САД преземаат нови чекори за борба против Алцхајмеровата колест, која во моментов е неизлечива и од која страдаат милиони Американци.
Американската влада веднаш одвои 50 милиони долари за најновите истражува, а ќе даде и дополнителни 80 милиони долари во фискалната 2013-та, која почнува во октомври.
Згора на овие средства, ќе бидат доделени и 26 милиони долари за поддршка на лекарската нега и проширувањето на програмите за едуцирање на јавноста за Алцхајмеровата болест. Од неа страдаат повеќе од пет милиони Американци, а се очекува до 2050-та бројот двојно да нарасне, паралелно со стареењето на популацијата.
Секретарката за здравство Кетлин Сибелиус рече дека владата на Обама ја смета битката против Алцхајмеровата болест за приоритет од национален интерес.
Болеста бавно ја уништува меморијата и мислечките способности. Многу пациенти губат способност за најобични нешта, на пример да помнат неодамнешни настани или да ги препознаат најблиските.