Линкови за пристапност

Али Ахмети: Албанците никогаш не го оспорувале идентитетот на Македонците


Али Ахмети: Македонија - стабилна или не
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Али Ахмети: Македонија - стабилна или не

Претседателотот на Демократската Унија за интеграција на универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон учествуваше во дискусија на тема: Дали Македонија е стабилна или не?

Претседателот на Демократската Унија за интеграција и коалиционен партнер во власта, Али Ахмети, кој се наоѓа во неколкудневна посета на САД, направи споредба на состојбата во Македонија, пред и по вооружениот конфликт во 2001-ва. Според него, Македонија со имплементацијата на Охридскиот договор се движи во вистинска насока и нема дилеми дека е направен голем чекор кон поголемо интегрирање на Албанците во институциите на системот.

Албанците повеќе не се чувствуваат како ќираџии во својата земја
Али Ахмети
Ахмети со оценка дека Албанците повеќе не се чувствуваат како ќираџии во својата земја, иако според него, Охридскиот договор е компромис од кој двете страни нешто губат, а нешто добиваат. Првиот човек на ДУИ истакна дека во Македонија има поголема застапеност на Албанците на сите нивоа на власта, во администрацијата, судовите, полицијата, а дијалогот меѓу двете најголеми етнички заедници е значително подобрен, споредено со периодот пред 10-тина години.

Охридскиот рамковен договор направи голем пробив со употребата на албанскиот јазик во Македонија, истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети пред присутните на Универзитетот Џонс Хопкинс. Според него, само со дијалог и меѓусебно разбирање меѓу Албанците и Македонците може да се надминат разликите. Тој призна дека има различни толкувања во спроведување на Охридскиот договор, но не пропушти да се заблагодари на меѓународната заедница, особено на САД, за помошта во негово постигнување, а со кој беше смирена ситуацијата во 2001-ва.

Албанците никогаш не го оспорувале идентитетот на Македонците
Али Ахмети
Ахмети вака го прикажа односот на етничките Албанци кон Македонците: „Албанија го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Албанците никогаш не го оспорувале идентитетот на Македонците. Ние сме единствена нација во регионот која никогаш не покренала прашање за идентитетот на нашите сограѓани и соседи“, истакна лидерот на ДУИ.

По прашањето за името, Ахмети рече дека до 2003-та не ни знаел за проблемот со кој се соочува Македонија, кој според него е ирационален. Потенцираше дека Македонија никогаш не отстапила од заложбата за добри односи со соседите, рече тој.

„Ги уверував Папандреу, Бакојани, Маљас..., дека Македонија нема територијални претензии кон Грција. Грчкиот суверенитет и територијален интегритет никогаш не бил под закана“, оцени првиот човек на ДУИ.

Ахмети истакна дека нема нема разлики со коалициониот партнер за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

На истиот настан, аналитичарот Даниел Сервер кажа дека Македонија е постабилна и попросперитетна од пред 2001-ва, токму поради овозможување поголеми права за Албанците и поддржа поголема храброст од лидерите во земјата за решавање на прашањето за името.
XS
SM
MD
LG