Линкови за пристапност

Виш лидер во Ал-Каида живеел долго време во САД


Агентот Брајан ЛеБланк вели дека Шукријумах се верува дека е во постојан контакт со Осама бин Ладен и со други виши лидери на Ал-Каида

Асошиејтед Прес јави дека лице кое живеело во САД повеќе од 15 години сега е шеф на Ал-Каида за глобалните операции.

АП објави дека агент на ФБИ во ексклузивно интервју кажал дека 35-годишниот Аднан Шукријумах ја преземел функцијата што останала испразнета по апсењето на Калид Шеик Мохамед во 2003-та - еден од планерите на терористичките напади од 11-ти септември 2001-ва.

Агентот Брајан ЛеБланк вели дека Шукријумах се верува дека е во постојан контакт со Осама бин Ладен и со други виши лидери на Ал-Каида.

Тој рече дека Шукријумах бил наводно осмислувач во случајот на тројца осомничени за планирање напади во метрото во Њујорк во 2009-та. Тој е исто така осомничен за учество во заговор на потенцијални напади во Норвешка и во Британија.

XS
SM
MD
LG