Индонезија суспендираше неколку официјални лица од цивилната авијацијата по откритието дека летот 8501 на Ер Азија немал уредна дозвола за летање на денот кога паднал среде невремето над Јаванското Море.
Потегот доаѓа на деветиот ден од потрагата по жртвите на патничкиот авион кој исчезна на рутата од Индонезија до Сингапур на 28 декември.
Од 162 лица на авионот, пронајдени се само 37 тела.
Повеќенационалниот тим за потрага продолжува да ги пребарува водите за останки. Сепак, официјални лица велат дека подводните струи кај тоа што се верува дека е главното тело на авионот се` уште се премногу силни за нуркачите да се спуштат до него.
Досега се пронајдени 37 тела, но само 13 се идентификувани. Лошите временски услови минатата недела беа главна причина за забавувањето на спасувачките напори.
Екипите се` уште се надеваат дека ќе стасаат до
„црната кутија“, што ќе даде информации за уривањето на авионот.