Линкови за пристапност

Излекувано новороденче од вирусот ХИВ


Применет ист начин на лекување како и досега

Лекарите во САД обелоденија дека бебе родено со вирусот ХИВ е излекувано, откако примило вообичаен лекарски третман уште во раната фаза од заболувањето.

Двегодишното девојче од јужната држава Мисисипи, било лекувано со стандардни лекови уште кога имало 30 месеци.

Лекарите велат дека девојчето е излекувано, што значи дека вирусот не се покажува со стандардни тестови и не е потребно понатамошно лекување.
Ова е прв случај на бебе да биде излекувано од вирус ХИВ.

Лекарите велат дека се потребни повеќе тестирања за да се види дали третманот ќе има ист ефект врз поголеми деца, но резултатите може да го променат начинот на лекување на бебињата со голем ризик и евентуално тоа да води до лек за деца кои имаат ХИВ.
XS
SM
MD
LG