Линкови за пристапност

Вагинален гел против инфекција со вирусот ХИВ


Директорот на програмата на ОН против СИДА-та Мајкл Сидибе најави дека новиот вагинален гел ќе ја револуционизира превенцијата од ХИВ кај жените

Научниците јавуваат за можен пресвртен момент во борбата против СИДА-та – вагинален гел кој значително ги намалува шансите жената да се зарази со вирусот ХИВ од инфициран партнер.

Резултатите од клиничките испитувања официјално ќе бидат претставен на 18-тата меѓународна конференција против СИДА-та што се одржува во Виена.

Научниците од Јужна Африка велат дека жените кои го користеле гелот што го содржи лекот тенофир имале 50 проценти помала стапка на инфекција отколку оние кои користеле гел - пласибо. Стапката на инфекција била за 39 проценти пониска по двеипол години.

Директорот на програмата на ОН против СИДА-та Мајкл Сидибе најави дека новиот вагинален гел ќе ја револуционизира превенцијата од ХИВ кај жените.

Ова е по првпат научниците да направат успешен микробицид што се внесува пред сексуален однос за да спречи пренесување на вирусот ХИВ.

Сепак, експертите предупредуваат дека е потребен понатамошна проверка на ефикасноста и безбедноста на гелот пред да биде пуштен во широка употреба.

XS
SM
MD
LG