Американскиот државен секретар Џон Кери ја брани акцијата на специјалните сили во Либија саботата во која беше фатен вишиот оперативец на Ал-Каида, Абу Анас ал-Либи, тврдејќи дека е законска и соодветна.
Либија побара објаснување од САД, тврдејќи дека се работи за киднапирање.
На маргините на регионалниот самит во Индонезија, Кери денес изјави дека либиската поплака е неоснована и дека Либи ќе биде изведен пред суд.
Според американскиот Оддел за одбрана, Либи е префрлен на „безбедна локација“ надвор од Либија. Тој е обвинет од страна на американските власти за вмешаност во терористичките напади врз американските амбасади во Кенија и Танзанија 1998-мата, во кои загинаа над 200 лица, а 5.000 беа повредени.