Линкови за пристапност

НАТО се извини за цивилните жртви во Авганистан


Инцидентот наиде на гневна реакција на членови на семејствата на загинатите

НАТО се извини за смртта на четворицата Авганистанци застрелани од меѓународните сили и соопшти дека бил неточен првичниот извештај во кој Алијансата опиша двајца од убиените како „познати бунтовници“.

НАТО сега вели дека војниците стрелале врз возилото со четворицата во источната провинција Кост затоа што продолжило да забрзува кон армиски конвој и покрај предупредувањата да запре.

Инцидентот наиде на гневна реакција на членови на семејствата на загинатите. Тие тврдат дека сите четворица биле тинејџери кои се враќале од натпревар по одбојка.

Во соопштението на НАТО се наведува дека портпаролот Тод Висиан првично окарактеризирал двајца од загинатите како бунтовници затоа што нивните отпечатоцина прстите се совпаднале со оние во базата на податоци за претходна бунтовничка активност. Но, НАТО сега вели дека присуство на нивните имиња во базата на податоци не мора да автоматски да значи дека двајцата биле милитанти.

НАТО рече дека обучувачи ќе бидат распоредени ширум Авганистан со цел да осигураат дека војниците ги разбираат борбените упатства и дека извлекле поука од претходните инциденти кои резултирале во цивилни жртви.

XS
SM
MD
LG