Линкови за пристапност

Гејтс во ненајавена посета на Авганистан


Карзаи го осуди воздушниот напад, кој се случи во провинцијата Такхар

Авганистанскиoт претседател Хамид Карзаи рече дека при воздушен напад на НАТО бил погоден конвој со лица ангажирани во изборите во северот на земјата, при што загинале 10 цивили.

Карзаи го осуди воздушниот напад, кој се случи во провинцијата Такхар. НАТО вели дека води истрага по случајот.

Портпаролот на провинцијата Фаиз Мохамад Тавхиди рече дека загинатите работеле за кандидат за парламентарните избори кои треба да се одржат на 18-ти септември. Тавхиди рече дека и самиот кандидат Абдул Вахид, е повреден во воздушниот напад.

Инцидентот се случи во кога американскиот секретар за одбрана Роберт Гејст допатува во Кабул на средба со Карзаи и командантот на силите на НАТО во земјата, американскиот генерал Дејвид Петреус.

Цивилни жртви од операциите на НАТО се главен извор на тензии меѓу претседателот Карзаи и членови на Алијансата.

XS
SM
MD
LG