Линкови за пристапност

Тројца американски војници загинаа во Авганистан


Од патни мини загинаа тројца американски војници во Авганистан.

НАТО јави дека двајца загинале во источниот, а еден во јужниот дел од земјата. Авганистански официјални лица соопштија дека во друг бомбашки напад загинаа најмалку двајца полицајци и двајца цивили во северната провинција Кундуз. Најмалку 14 лица беа повредени во експлозијата.

Во источната провинција Кунар, НАТО јави дека ги истражува обвинувањата дека авганистански цивили загинале при воздушен напад од НАТО врз бунтовници кои нападнале безбедносен пунк на Алијансата.

Провинцискиот шеф Калилуа Зиаје за француската новинска агенција изјави дека шест деца загинале од воздушната акција на НАТО кога собирале метални остатоци во соседната планина.

НАТО јави дека четворица бунтовници загинале во нападот. Понатаму се вели дека проектил од бунтовниците бил истрелан од местото на престрелките, при што најверојатно загинал еден авганистански цивил.

XS
SM
MD
LG