Линкови за пристапност

Американците недоволно академски подготвени


Нова студија покажува зошто возрасните во САД слабо им конкурираат на возрасните од други држави

Ново истражување покажа дека возрасните Американци имаат слаби вештини за да се натпреваруваат на работното место со возрасни од други нации, и дека тоа им штети на изгледите на САД за економски развој.

Студијата објавена во вторник покажува дека американците покажале послаби резултати од меѓународната конкуренција во области како читање, математика и решавање на проблеми.

Високообразовен кадар е клучот за економско опоравување
Економисти
Студија на Програмата за меѓународно оценување на конкурентноста кај возрасните, покажа дека САД котираат пониско од Јапонија, Финска, Данска и Холандија кога се работи за компетенција на пазарот на работна сила.

Австралија и Канада исто така се покажале подобри од САД во математика, читање и решавање на проблеми со користење на технологија.

Економистите велат дека високообразовен кадар е клучот за економско опоравување. Но, денешните податоци од истражувањето покажаа дека работници со слаба писменост помалку заработуваат и поверојатно е дека ќе бидат небработени.
XS
SM
MD
LG