Линкови за пристапност

Пратеници во странски парламенти за македонската кауза


Пратеници во странски парламенти за македонската кауза
Пратеници во странски парламенти за македонската кауза

Романија во моментов е единствената членка на ЕУ и НАТО што официјално го признава македонското малцинство во земјата

Пратеници во странски парламенти за македонската кауза
Пратеници во странски парламенти за македонската кауза

„И тие кажаа: Разберете го ова господине Темелковски. Вие правете го тоа што сметате дека треба да го правите, ние ќе го правиме тоа што сметаме дека треба да го правиме. Но, знајте дека ќе работиме против вас за да не бидете повторно избран на следните избори“.

Вака очигледно возбудениот Луј Темелковски, првиот член на канадскиот парламент со македонско потекло, им раскажа на присутните на конференцијата на Обединетата македонска дијаспора за патот што го изодел до признавањето на Македонија од страна на Канада, во септември 2007-ма. Кога имал прилика лично да му се заблагодари на премиерот Стивен Харпер, дознал за големиот притисок од грчкото лоби да не се донесе таква одлука.

Темелковски му ја ставил раката на рамо, раскажува тој, и му рекол: „Господине премиер, Македонците се зад вас“.

Пратеници во странски парламенти за македонската кауза
Пратеници во странски парламенти за македонската кауза

Темелковски навистина загубил на следните избори, но неговата заслуга дијаспората ја овековечи со награда за јавна служба, за која тој вели дека им припаѓа на сите Македоци.

Романија во моментов е единствената членка на ЕУ и НАТО што официјално го признава македонското малцинство во земјата. Голема заслуга во тоа има Лијана Думитреску.

ОМД и` се заблагодари со признание за работа во областа на човековите права. Во 2002-рата, таа успеала Македонците да бидат ставени во официјалниот попис на Романија и во 2008-ма издејствувала да се добијат државни пари за образованието на македонски јазик во основните училишта во Романија.

Таа е и автор на книга за историјата на македонско малцинство во Романија.

XS
SM
MD
LG