Линкови за пристапност

Вести од САД во минута – 17-ти август 2011-та


Вести од САД во минута – 17-ти август 2011-та
Вести од САД во минута – 17-ти август 2011-та

Даночни скратувања, инфраструктурни инвестиции и помош за невработените – Белата куќа вели клучни елементи на економскиот предлог на Обама до Конгресот.

***

Бајден во Кина – наредните пет дена ќе ги убедува соговорниците дека кинеските инвестиции во американската економија се безбедни.

***

Цените на големо во јули нараснале за 0,2% - двапати од предвиденото, според нјанови владини податоци.

***

Четири тутунски компании ја тужат владата дека им го прекршила правото на слобода на говор кога ги принудила да стават налепници на цигарите за опасноста по здравјето.

***

Се тужат - меѓусебе - и двата главни производители на хот дог, Сара Ли и Крафт: бараат судијата да одлучи кој лаже кога вели - мојот производ е најдобар.

***

Нема многу турканица во ова место – Бафорд во Вајоминг најпуст град на светот со само – еден жител.

XS
SM
MD
LG