Американската државна секретарка е во ненајавена посета на Либија, на средби со новото раководоство во земјата, додека силите на привремената либиска влада вршат напад врз едно од последните упоришта на поранешниот водач Моамар Гадафи.
Клинтон во Триполи вети нова американска помош од милиони долари за образовни програми и лекарска нега за повредените борци. Државната секретарка најави дека ќе бидат дадени пари и за обезбедување на залихите на оружје од времето кога владееше Гадафи, како и за уништување на хемиското оружје.
Официјални лица наведуваат дека американската помош за Либија од почетокот на судирот – наваму достигнала 135 милиони долари.
Клинтон се сретна со премиерот Махмуд Џибрил и претседавачот на Транзициониот национален совет Мустафа Абдел Џалил. Таа е нависокиот по ранг американски претставник кој ја посетил Либија откако во февруари започна востанието против Гадафи.