Линкови за пристапност

САД одбележуваат 13 години од терористичките напади во 2001-ва


Американскиот претседател Барак Обама учествува на две церемонии по овој повод

Претседателот, придружуван од првата дама Мишел Обама и потпретседателот Џо Бајден, одржаа минута молчење на јужниот тревник во Белта куќа, во моментот кога првиот киднапиран патнички авион удри во една од двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Претседателот со сопругата потоа заминаа на церемонијата во Пентагон, седиштето на американската армија, каде стотици беа убиени кога третиот киднапиран авион удри во комплексот.

Одбележувањето на годишнината дојде само неколку часа откако Обама соопшти засилена стратегија за борба против милитантите на Исламската држава кои оперираат во Ирак и Сирија.

Во Њујорк, роднини гласно ги читаа имињата на околу 3.000 лица кои умреа кога паднаа кулите близначки на Светскиот трговски центар. Годинешната церемонија е прва откако е отворен Музејот 11 Септември, каде се сместени артифакти и слики поврзани со нападите. Самиот комплекс на Светскиот трговски центар е речиси целосно реизграден, со главниот облакодер кој треба официјално да биде пуштен во употреба подоцна годинава.

Друго одбележување се одржа во Шенксвил, Пенсилванија, каде падна четвртиот авион, пред да стигне до наводната цел во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG