Линкови за пристапност

Обезбедувањето засилено пред годишнината на терористичките напади


Обезбедувањето засилено пред годишнината на терористичките напади
Обезбедувањето засилено пред годишнината на терористичките напади

Американски безбедносни лица ги зголемија мерките за одвраќање на евентуални акти на тероризам спроти одбележувањето на 10-тата годишнина од терористичките напади на 11-ти септември 2011-та. Иако Одделот за домашна безбедност вели дека нема докази за конкретен заговор од ал-Каида и нивните филијали, воспостави засилено обезбедување доколку лица решат да работат во своја рака

Американските агенции за спроведување на законот ги зголемуваат мерките за евентуални терористички актови. Во Њујорк, полицијата патролира со чамци, кои можат да откријат нуклеарно оружје. Полицијата врши надзор и на мостот во Бруклин. Иако нема конкретни закани, полицијата патролите ги сфаќа сериозно.

Зголемените мерки за безбедност доаѓаат во време на одбележувањето на 10-тата годишнина од терористичките напади на 11-ти септември. Додека одделот за домашна безбедност вели дека нема докази за конкретен заговор од Ал-Каида, терористичката група на убиениот лидер Осама бин Ладен наводно планирала нејзини оперативци да извршат напад со мал авион на спортски настани околу времето на годишнината.

Брет Гарет, поранешен агент на ФБИ вели дека постојат многу мали аеродроми, и лесно може да се лета под радарска контрола, заради што вакви напади смета дека се можни.

Новиот лидер на ал-Каида, Ајман ал-Завахири се појави на бројни видео-пораки со повик за напади против америрикански цели и ги повика Муслиманите да ја поддржат неговата кауза. Затоа, Франк Силафо, директор на Институтот за домашна безбедност при универзитетот Џорџ Вашингтон, вели дека ова не е време за безгрижност. Ал-Каида, вели тоај, опипува колку може да нанесе штета, а САД треба да сторат се` што можат такви напади да спречат.

Силафо вели дека филијалите на ал-Каида во Јемен и во Сомалија може да одиграат голема улога во нападот врз американска почва.

Експертите за контратероризам велат дека ал-Каида на Арапскиот полуостров се смета дека стои зад неуспешните напади да разнесе американски авиони. Откако нападите беа осуетени, безбедноста по аеродромите е крената на повисоко ниво.

Џонатан Бродер, уредник за одбранбена и надворешна политика од магазинот „Конгрешенал квотерли“ вели дека безбедноста треба да биде зголемена и по возовите, исто како што е случај со авионите.

Деновиве има распоредено дополнителни полициски патроли на главните транспортни центри. Транзитните системи почнаа со прегледување на торби на патници по случаен избор, а полицијата објавија дека тајни агенти се распоредени по возовите.

Аналитичарите од областа на контратероризмот велат дека најдобар начин да се заштитат САД е да се додадат повеќе слоеви на обезбедување.

XS
SM
MD
LG