Линкови за пристапност

Контроверзна прокламацијата на гувернерот на Вирџинија за Граѓанската војна


Контроверзна прокламацијата на гувернерот на Вирџинија за Граѓанската војна
Контроверзна прокламацијата на гувернерот на Вирџинија за Граѓанската војна

Мекдонел истакна дека ропството било „зла, лоша и нехумана пракса“, што оставила „дамка во душата“ на Вирџинија.

Гувернерот на сојузната држава Вирџинија се извини по контроверзната прокламација за комеморација на улогата на неговата држава во Американската граѓанска војна.

Боб Мекдонел во средата издаде соопштение во кое вели дека направил грешка што изоставил каква било референца за ропството, прогласувајќи го месец април за Месец за историјата на конфедерацијата.

Гувернерот Мекдонел беше критикуван за избегнување на јазик кој би асоцирал на ропството, а многумина го обвинуваат за игнорирање на историјата и за нечувствителност на луѓето со афро-американско потекло во неговата држава.

Ропството на Афро-Американците првенствено на југот доведе до почеток на Граѓанска војна меѓу државите наклонети кон отцепување, поддржувачи на ропството и државите на север, лојални на федералната влада.

Мекдонел истакна дека ропството било „зла, лоша и нехумана пракса“, што оставила „дамка во душата“ на Вирџинија. Тој рече дека изјавата главно имала за цел да го промовира учењето на историјата и да го поттикне туризмот во неговата држава.

XS
SM
MD
LG