Линкови за пристапност

35 години по заминувањето на американските сили од Виетнам


35 години по заминувањето на американските сили од Виетнам
35 години по заминувањето на американските сили од Виетнам

Податоците за Виетнам во однос на почитување на човековите права, е пречка за поблиски американско-виетнамски односи.

Минаа 35 години откако силите на Северен Виетнам ја презедоа контролата врз тогашен Сајгон, ставајќи крај на долгата и крвава војна со САД. Денес, обединетиот Виетнам е преокупиран со реформи на пазарната економија истовремено одржувајќи го комунистичкиот политички систем. Според експертите, ова може да е пречка за интензивирање на односите со некогашниот непријател.

По неколкудневните борби во Сајгон во 1975-та година, на 30-ти април САД комплетно си заминаа од Виетнам. Сајгон сега се вика Хо Ши Мин, а Виетнам, кој своевремено беше загрижен за војната и мирот, сега е загрижен за доларот и центите. Трговијата со некогашниот непријател се интезивираше откако САД и Виетнам ги нормализираа односите во 1995-тата година.

Фред Браун од Одделот за современи меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкингс, вели дека колапсот на комунизмот, а особено неговиот заштитник, Советскиот Сојуз, ги предизвикал промените во Виетнам.

„Виетнам во суштина му се придржи на светот, го смени својот економски систем, или почна да го менува, и тоа е процес што се одвива. Постои неверојатна еволуција“, вели Браун.

Меѓутоа реформите наидоа на силен отпор кај старата гарда конзервативци во виетнамското раководство.

Економскиот растеж на Кина ги загрижува и САД и Виетнам. Фред Браун вели дека Виетнам е во деликатна ситуација за тоа како да ги балансира односите со САД и со Кина.

„За Виетнам постојат многу потешкотии во редовите на политичките кадри кои се мошне загрижени за односите со САД. Стара изрека вели: „Преблизу до Кина, ќе ја загубите земјата, преблизу до Америка, може да ја загубите Комунистичката партија“, смета овој експерт.

Но податоците за Виетнам во однос на почитување на човековите права, е пречка за поблиски американско-виетнамски односи.

Во регионот, Виетнам стана полноправен член на Асоцијацијата на јужноазиски нации во 1995-та, истата година кога ги нормализираше односите со САД.

Потоа, оваа земја беше прифатена и во Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка – АПЕК.

Виетнам се надеваше дека регионалниот ангажман, особено членството во Асоцијацијата на јужноазиски нации, ќе помогне во одвраќањето на кинеското влијание, а истовремено ќе отвори нови економски можности.

Но, аналитичарите велат дека Виетнам ги повикал членките на Асоцијацијата да ја стивнат критиката за военото раководство на Бурма, поради стравот кај виетнамското раководство дека фокусот ќе биде свртен – кон Виетнам.

Зголеменото влијание на Виетнам, конкретно во Асоцијацијата на јужноазиски нации, се покажа и при преземањето на ротирачкото претседателство на Асоцијатајата годинава. Виетнам беше домаќин на самит на групата на почетокот на април, а кон крајот на годинава се очекува и друг.

XS
SM
MD
LG