Линкови за пристапност

Видео игрите не се само за забава


Видео игрите не се само за забава

Со порастот на побарувачката, само во поширокото подрачје на Вашингтон постојат 100 компании со фокус на технологија за видео игри.

Младите луѓе во САД почнуваат да играат видео игри уште на четири или пет години. Честопати количината на времето што го минуваат со игрите ги загрижува родителите. Но сега родителите се тие кои може да ги охрабруваат децата да се посветат на игрите. Младите можат и да ја насочат својата кариера во оваа индустрија.

Џејсон Кенјон е вљубен во видео игрите. Тој вели дека неговата љубов за нив ја преминува границата на зависност. Неговите родители на почетокот биле загрижени. Барале да прекине и да се фокусира на вистинска кариера.

Но Џејсон размислува поинаку. „Мошне сум сигурен дека ова е мојата вистинска кариера. Кога ќе завршам со студии, веријатно по две години, може многу брзо да најдам работа во оваа споредено со повеќето други индустрии, така што мислам дека ќе имам солидна иднина“, вели тој.

Џејсон е еден од се` побројните студенти кои ја бараат својата карира во видео игрите и технолошката индустрија. Тој е дел од програмата за развој на видео игри на колеџот Монгомери во Мериленд.

„Иднината на индустријата на видео игрите е мошне светла“, вели Дебора Соломон, професор на овој колеџ. „Технологијата на видео игрите е испреплетена во секоја друга индустрија, од воената до домашната безбедност, здравствената, био-технолошката, а се користи дури и во процесот на рекламирање“, вели Соломон.

Таа додава дека федералната влада троши милиони долари на технологија што се користи во видео игрите за обука и регрутирање на персонал во различни агенции. На пример, американската армија произвела серија видео игри наречени Американска армија. Игрите можат да бидат симнати од интернет бесплатно, а целта е на младите да им помогнат да ја испробаат својата кариера во армијата.

Дејвид Версоу е главен финансиски претставник на Вил интерактив, водечка компанија за производство на видео игри во предградие на Вашингтон. Компанијата има креирано видео симулации за програмите за превенција на самоубиства во редовите на армијата, за обука на Еф-Би-Ај во услови на заложничка криза, како и за здравствената индустрија. Версоу додава дека има се поголема потреба од постоење на сериозни игри.

„Ова е одличен медиум за да се допре до луѓето особено до оние во академските кругови кои започнаа да ја осознаваат моќта на видео игрите“, вели тој. „Актуелната економска ситуација малку ги забави работите, но сега сме поангажирани од кога и да е порано“.

Брајан Дојл ја разбира таа моќ. По дипломирањето на програма за комјутерски игри, тој основа компанија за обрзовни видео игри.

„Новите генерации учат поинаку од претходните, а ние треба да ги адаптираме методите за да ги образуваме. Видео игрите се еден од тие методи што се покажале ефикасни“, вели тој.

Со порастот на побарувачката, само во поширокото подрачје на Вашингтон постојат 100 компании со фокус на технологија за видео игри.

XS
SM
MD
LG