Линкови за пристапност

Воен ветеран пешачи низ САД


Воен ветеран пешачи низ САД
Воен ветеран пешачи низ САД

Ветераните кои ќе се вратат од бојното поле понекогаш имаат проблеми да се прилаготат на секојдневието. Во најлош случај, завршуваат без работа, без покрив над главата и зависни од алкохол и дрога.

Придружуван од неговото куче Еми, воениот ветеран од Ирачката војна Трој Јокум заминал од домот во Кентаки уште пред седум месеци.

„На 17-ти април годинава, почнав од Луисвил, Кентаки, па на север до Чикаго, долу до Сент Луис, па се до Лос Ангелес“, вели Јокум.

Наскоро ќе стигне до брегот на Тихиот Океан, со што ќе биде практично на половина пат од планираното. Целта на пешачењето е да собере пари за хуманитарната организација наречена „Ангели на војниците“.

„Веќе собравме 90.000 долари за помош на семејствата на војниците. Попатно, делиме и донации. Токму на Денот на ветераните, дадовме парична помош на пет семејства на војници кои имаат проблеми со подмирување на сметките, а немаат кому да се обратат“, вели Јокум.

Ветераните кои ќе се вратат од бојното поле понекогаш имаат проблеми да се прилаготат на секојдневието. Во најлош случај, завршуваат без работа, без покрив над главата и зависни од алкохол и дрога.

Постојат федерални, државни и локални владини програми за помош во вакви ситуации, но, како што вели Јокум, тие не можат да стигнат до секого, особено не до армиските семејства на кои итно им е потребна помош. Овој ветеран вели дека целта на неговата пешачка мисија е да ја прошири пораката за проблемот.

Текот на мисијата може да се следи на Интернет-страницата www.drumhike.com. Јокум наведува дека има преку 100.000 поддржувачи на неговиот профил на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG