Ватикан ги критикуваше медиумите по извештаите дека Папата Бенедикт, во времето кога бил кардинал, не презел акција против американски свештеник обвинет за злоставување на околу 200 глуви момчиња.
Во уреднички коментар на весникот на Ватикан во петокот се вели дека немало прикривање на случајот на свештеникот Лоренс Марфи. Обвинувањата се нарекуваат „нечесен“ обид за се извалка имиџот на Папата Бенедикт „по секоја цена“.
Во написот се брани начинот на кој Папата се справил со наводите за злоставување во рамки на Римокатоличката црква, преку „транспарентност и цврстина “.
Во документи објавени во весникот Њујорк тајмс во четвртокот, се наведува дека како кардинал во 1990-те години, Папата Бенедикт ги игнорирал информациите дека отецот Марфи злоставувал деца во американската сојузна држава Висконсин.
Портпаролот на Ватикан истакна дека од канцеларијата на Папата, кој тогаш бил кардинал Јозеф Рацингер, одлучиле да не покренуваат постапка против свештеникот бидејќи тој бил во поодмината возраст, болен и дека немало понови обвинувања за злоставувања.