Втора ноќ по ред силно невреме, што на места најверојатно прераснало и во торнада, беснее низ јужниот дел на САД. Синоќа загинале 4 лица, со што бројот на жртви нарасна на15.
Во Арканзас едно лице загинало од гром пред својот дом, а друго во Мисиспи кога неговото возило удрило во дрво што невремето го срушило на автопат.
Властите во Тексас јавија дека невремето повредило една жена и оштетило 100-тина домови. Метеоролозите предупредуваат дека се можни нови грмотевици.
Гувернерите на Арканзас, Илиноис, Индијана, Кентаки и Мисури објавија вонредна состојба поради опасноста од поплава.