Линкови за пристапност

Обама вети федерална помош за погодените од торнадото во Мисури


Обама вети федерална помош за погодените од торнадото во Мисури
Обама вети федерална помош за погодените од торнадото во Мисури

Над 100 загинати во градот Џоплин - најмногу што едно вакво невреме однело во последните 60-тина години

Американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе го посето подрачјето погодено од торнадо во сојузната држава Мисури. Обама, кој е во посета на Лондон во рамки на европската турнеја, вети дека федералната влада ќе ги искористи сите средства на располагање за да им помоне на погодените.

Над 100 лица загинаа во торнадото што го погоди градот Џоплин - најмногу што едно вакво невреме однело во последните 60-тина години. Невремето неделата навечер уништуваше практично се` што му беше на патот, корнејќи дрвја и распарчувајќи домови и деловни објекти. Алармот за опасност се огласил 24 минути пред ветриштата од 265 километри на час да го погодат Џоплин. Била оштетена и болницата во градот, која била евакуирана.

Работата на спасувачките екипи ја отежнува новото невреме со грмотевици и дожд. Властите проценуваат дека се оштетени најмалку 25% од Џоплин, дом на 50.000 жители.

Во друго торнадо што ја погоди сојузната држава Минесота, загина едно лице, а беа повредени 30-тина.

Минатиот месец, слични невремиња однесоа преку 300 човечки животи во јужниот дел на САД.

За последиците од невремето во Мисури, погледнето го најновиот видео-запис:

XS
SM
MD
LG