САД вторникот отфрлија дел од критиките за односот кон човековите права како политички провокации и го одбија повикот на членки на ОН да ја укинат смртната казна.
Земјите кои членуваат во Советот за човекови права на ОН упатија вкупно 228 препораки за односот на САД кон човековите права на дебатата што се одржа минатиот петок.
Правниот советник на Стејт департментот Харолд Кох вторникот изјави дека САД ќе се обидат да применат дел од препораките, како борбата против расното профилирање и ратификацијата на договори за жени и деца. Но, тој одби други предлози, како укинување на смртната казна, за која кажа дека е легална според меѓународното право.
Кох рече и дека некои од препораките се со намера да бидат „политички провокации“ и не може да се земат сериозно. Тој не кажа точно од кои земји дошле тие, но на дебатата најостра критика на адреса на САД упатија Иран, Венецуела и Куба.