Јапонскиот автопроизводител Тојота најави глобално суспендирање на продажбата на спортскиот модел Џи-Екс 460.
Мерката доаѓа по привремената суспензија на американската продажба на возилата која беше најавена во вторникот, откако објавувањето во публикацијата за препораки до потрошувачите да не купуваат Џи-Екс поради серија безбедносни пропусти.
Во последното издание, магазинот „Консумер репорт“ им препорача на читателите да не го купуваат моделот Џи-Екс 460 затоа што автомобилот може да се преврти при нагло вртење.