Линкови за пристапност

На Денот за даноци во САД, голем собир на „Tea Party“ во Вашингтон


Името на движењето доаѓа од историското „Бостонско пиeње чај“ од 1773-та кога американските колонисти истурија чај во бостонското пристаниште во знак на протест поради оданочувањето од британската управа

Конзервативното движење „Tea Party“ ја заврши турнејата со автобуси во Вашингтон, на денот што е последен рок зададен од федералната влада за плаќање на даноците.

Стотици активисти од движењето се собраа во близина на Белата куќа со транспаренти на кои пишуваше „Да се почитува Уставот“. Со патриотски песни и веење американски знамиња, тие протестираа против, како што го наракоа, „многу корумпираниот“ даночен систем.

Во средата, илјадници луѓе се собраа на нивниот настан во градот Бостон. Поранешниот гувернер на Аљаска, Сара Пејлин, која е популарен член од движењето, беше меѓу говорниците.

Името на движењето доаѓа од историското „Бостонско пиње чај“ од 1773-та кога американските колонисти истурија чај во бостонското пристаниште во знак на протест поради оданочувањето од британската управа.

Сегашното движење спонзорираше 20-дневна турнеја со автобус низ 47 градови залагајќи се за помала влада, помали даноци и да го искажат негодување по реформата на здравствениот систем на претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG