Линкови за пристапност

„Исчезнатиот“ ирански научник се појави во Вашингтон


„Исчезнатиот“ ирански научник се појави во Вашингтон
„Исчезнатиот“ ирански научник се појави во Вашингтон

Иран тврди дека научникот бил предаден на американски агенти додека се наоѓал во посета на Саудиска Арабија. САД негираат дека го грабнале.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека иранскиот нуклеарен научник Шахрам Амири, кој се појави во Пакистанската амбасада во Вашингтон, се наоѓа во САД по своја волја и не е спречен да си замине.

Иран тврдеше дека САД го грабнале научникот.

Клинтон вторникот изјави дека Амири требало да отпатува во Иран понеделникот, но дека не успеал да ги среди сите неопходни патни аранмжмани.

Амири е научник на 30-годишна возраст кој го напуштил Иран во јуни 2009-та. Иран тврди дека тој бил предаден на американски агенти додека се наоѓал во посета на Саудиска Арабија. САД негираат дека го грабнале.

Иранската државна телевизија соошти дека Амири изјавил на еден од нејзините новинари дека неговото грабнување е „срамота“ за САД.

Портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Краули вторникот изјави дека нема информации што сугерираат дека со Амири било несоодветно постапувано.

XS
SM
MD
LG