Многумина Американци не знаат многу за нивната религија и за религииите на другите, се тврди во ново истражување.
Анкетата што ја изготви Форумот Пју за религија и јавен живот, објавена вторникот, открива дека околу половина од 3.400-те испитаници одговориле неточно на прашања за разни религии.
Најголеми познавања за религијата имаат Американците кои не веруваат во Господ или пак не се сигурни дека Господ постои. Атеистите и агностицистите дале точни одговори на 21-но од 32-те прашања, по што следат евреите и мормоните, кои точно одговориле на 20-тина.
На прашањата за христијанството, мормоните биле со најмногу точни одговори, додека евреите, атеистите и агностицистите биле најпрецизни кога станува збор за другите светски религии како исламот, будизмот и хиндуизмот.
Во анкетата биле опфатени и муслимани, индуси и будисти, но од не одговорил доволен број за да се изведат податоци за секоја група посебно.
Претставници на Пју форумот велат дека претходните истражувања покажале дека САД се една од најрелигиозните земји во развиениот свет.